Во своето гостување на радио мрежата Канал 77, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски одговарајќи на прашања на новинарот истакна дека револтот кај граѓаните е огромен по изјавите на Заев од причина што борбата за Македонската држава имала континуитет а сега токму Заев сака сето тоа да го избрише.

- Јас сум свесен дека после што му се случи на Зоран Заев и класичниот бродолом кој го доживеа после интервјуто за БГНЕС, каде што во суштина тој го кажа тоа што го преговара со Бугарските официјални лица, свесен сум дека нивната пропаганда е пуштена на најјако за да го одбранат но тоа во овој случај кај граѓаните не поминува, бидејќи историјата е јасна, ја знаат сите, не се случува пред илјадници години, се случува пред седумдесетина години и има живи сведоци на она што се случувало. Факт е дека македонскиот народ доби своја држава низ две епохи. Едната е илинденската а другата е антифашистичката или АСНОМ-ска епоха. НЕ случајно АСНОМ се случи на 2-ри август, не случајно партизанските одреди носеа имиња на илинденци и на видни членови на ВМРО, така што јасен е континуитетот на македонската борба. Ако сака некој да го оспорува оди против историјата, но мене најмногу ме боли тоа што Македонија, во случајов Зоран Заев е спремен да ги прифати барањата на Бугарија, истакна Николоски.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/11/2020 17:32