Започна снимањето на краткометражниот филм "Проблемот на Тина" во режија на Радован Петровиќ, по сценарио на Румена Бужаровска, а во продукција на ДФВП Партизанс.

Тина е 22-годишна интровертна девојка со ниска самодоверба која се бори со идејата како треба да изгледа нејзиното тело. Таа е под влијание на моделите на патријархалното општество и луѓето околу неа.

Главните улоги ги толкуваат Душица Настова, Жаклина Стевковска, Тамара Ристоска, Јордан Симонов, Емилија Мицевска Трајковиќ и Ненад Митевски. Продуцент на филмот е Роберт Насков, директор на фотографија е Андреј Лембанов, сценограф Илина Ангеловска, костимограф Жаклина Крстевска, шминкер Ирена Сенокозлиоска, снимател на тон Игор Поповски.

Проектот ќе се снима на локаци во Скопје до 01.12.2020 година, а е финансиран со средства од Агенцијата за филм на Македонија.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/11/2020 00:13