УНЕСКО не отстапува од предупредувањата дека градежната мафија во Охрид ќе го збрише балканскиот Ерусалим од листата заштитени локации од организацијата, ако итно не се направи стратегија за справување со дивоградбите. Но се чини колку УНЕСКО е подецидна, дотолку повеќе општина Охрид не прави ништо за да се справи со дивото градење и нелегално никнатите објекти. -Со вакво паушално, неодлучно некоординирано и хаотично работење нам ќе ни требаат години додека се отстранат сите плажи, а да не зборуваме за отстранувањето на сите дивоградби кои негативно влијаат врз исклутечната и универзална вредност на Унеско регионот што општината и државата се обрзани да го спроведат во најкус можен рок, вели за Алфа, Драгана Велкоска од „Охрид СОС“.

Граѓанските активисти го отвораат прашањето, дали се доволни проближно 100-те илјади евра кои завчера Владата и го додели на општина Охрид за имплементација на препораките на Унеско? На ова прашање испратено до општината од новинарите, одговор нема. Се уште нема одговор и на прашањата кога ќе продолжи долгонајавувана акција и кои точно објекти ќе се рушат? Градоначалникот Георгиески упорно одбегнува да одговори колку точно има бесправни градби на подрачјето на Охрид.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/11/2020 01:10