Синоптичарите за денеска најавуваат променливо облачно време со повремени сончеви периоди. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе се движи од -9 до 1, а максималната од 4 до 11 степени.

Во Скопје слично време со утринска температура до -8 и дневна до 7 степени.

Во следните денови се очекува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Ќе дува умерен, на места засилен ветер од јужен и југоисточен правец. Утринските и дневните температури ќе бидат во пораст.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/12/2020 09:56