Пред крајот на првото полугодие со мали исклучоци во беровската деветолетка „Дедо Иљо Малешевски“, без проблеми се одива онлајн- наставата во централното и подрачните училишта.

Директорката на деветолетката „Дедо Иљо Малешевски“ Наташа Аврамска информираше дека за дел од учениците, кои не се во можност да следат онлајн-настава, се обезбедени печатени материјали, кои им овозможуваат да бидат во тек со воспитно-образовниот процес.

– Освен овие ученици кои следат настава со печатени материјали, најголемиот дел од учениците со физичко присуство редовно се вклучуваат на часовите и немаме никакви проблеми досега. Во оваа учебна година во централното училиште во Берово, настава со физичко присуство реализираат учениците од прво до трето одделение, во Будинарци, Митрашинци се реализира настава до деветто одделение, додека во останатите подрачни училишта наставата е со физичко присуство, истакна Аврамска.

Исклучок, како што додава, е подрачното училиште во Двориште, каде што поради големиот број ученици од шесто до деветто одделение настава се реализира онлајн.

-Во насока на успешно реализирање на првото полугодие се опремија повеќе училници онлајн и секако имаше подготовки и за учениците кои реалзираат настава со физичко присуство. Учениците со физичко присуство редовно се вклучуваат на часовите и немаме никакви проблеми во однос на интернет-врската. Во училиштето се во тек родителските средби на коишто беше соопштен успехот на учениците за првото тримесечје, со што полека се подготвуваме за успешен крај на првото полугодие, додаде Аврамска.

Деновиве во училиштето беа доделени визири за учениците за нивна дополнителна заштита од заразата од Ковид-19.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/12/2020 14:42