Неготинскиот Црвен крст монтира тријажен шатор пред Здравствен дом Неготино, за пациенти кои се позитивни на коронавирус.

Како што информираше секретарот Тошко Настов за МИА, тој ќе биде со клупи и греење, а е наменет за чекална на пациенти кои се позитивни на коронавирус, со полесна клиничка слика и чекаат да примат соодветна терапија.

-Ние сме дел од Кризен штаб – Неготино и излегуваме во пресрет на барањата на Здравствениот дом. Стоиме на располагање да помогнеме на кој било начин, во рамките на нашите можности, рече Настов.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/12/2020 15:26