Во последните 24 часа во Словенија се регистрирани 2.429 лица заразени со коронавирусот, што е трет рекорден дневен број на новозаболени луѓе.

Во последните 24 часа починале уште 57 пациенти со Ковид-19, со што вкупниот број на смртни случаи достигна 1.547, јави агенцијата СТА.

Бројот хоспитализирани во моментов е 1.285 откако вчера беа отпуштени 88 пациенти, а бројот на пациенти на интензивна нега е намален за 11 и денеска изнесува 199.

Од почетокот на пандемијата во Словенија, потврдени се вкупно 79.535 случаи на Ковид-19.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/12/2020 15:42