Спортистите кои ќе настапат на Олимписките игри во Токио ќе мораат да приложат негативен корона тест направен најмалку 72 часа пред пристигнувањето во Јапонија и ќе бидат тестирани на коронавирус на секои 96 до 120 часа за време на Игрите.

Во извештајот што денеска го објавија организаторите на ОИ, се наведува дека центарот за тестирање ќе биде лоциран во Олимпиското село каде ќе бидат сместени околу 15.000 спортисти.

Во моментов, за сите кои влегуваат во Јапонија е задолжителен 14-дневен карантин, но спортистите и персоналот задолжен за организација на Олимпијадата ќе бидат изземени од ова ограничување.

Летните Олимпински игри во јапонската престолнина треба да бидат отворени на 23 јули, откако годинава беа одложени поради светската пандемија на коронавирус.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/12/2020 21:41