Премиерот на Ерменија, Никол Пашињин денеска изјави дека рускиот претседател Владимир Путин одиграl исклучителна улога во запирање накрвопролевањето во Нагорно-Карабах.

– Сакам да ја нагласам исклучителнта улога на Путин. За време насите 44 денови конфронтација, бевме во постојан контакт и разговаравме за неопходните мерки за запирање на крвопролевањето и заштита на човековите животи, истакна Пашињан на Самитот на Организацијата за договор за колективна безбедност.

Тој најави дека ќе ја продолжи блиската соработка со Путин за решавање на прашањата како што се потрага по исчезнатите, размена на воените заробеници и размена на посмртните останки на загинатите.

Судирите во Нагорно-Карабах избија на 9 септември, алидерите на Ерменија, Азербејџан и на Русија потпишаа заедничка декларација за прекин на огнот, според која азербејџанските и ерменските сили останаа назаземените позиции, а во регионот се распоредени руски мировни сили.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/12/2020 22:00