ЈП Водовод и канализација – Скопје како јавно, општествено одговорно претпријатие континуирано работи во интерес на своите корисници, граѓаните на град Скопје, но и во интерес на општото добро за заедницата.

Во изминатиот период се покренаа многу иницијативи, се реализираа многу проекти, се создадоа нови поглавја кои се дел од нашата успешна приказна.

Овој декември, месецот на дарувањето и празничната магија го започнуваме со поинакви желби и поддршката ја даваме, таму каде што е најмногу потребна. Имено, со достава на сметките за ноември, печатени и електронски, сите корисници добиваат и информативен додаток со реализираните активности на ЈП Водовод и канализација - Скопје и повик од СОС Детско село за создавање новогодишна магија и остварување на едни поинакви желби.

„Секој ден може да е посебен, кога со добрина и љубов ги поддржуваме нашите блиски и тоа го пренесуваме и на тие на кои им е навистина потребно и им недостасува. Ве повикуваме да бидете и Вие дел од нашата заедничка приказна и да помогнете желбите за топол дом и среќно детство на над 260 деца и младинци поддржани од Детско село да станат реалност. ДОНИРАЈТЕ СЕГА!, - посочи г-дин Душко Весковски, генерален директор на ЈП Водовод и канализаиција – Скопје.

„Навистина сме среќни што соработката со ЈП Водовод и канализација Скопје продолжува и во месец декември. Се надеваме дека овој убав пример на општествена одговорност ќе го следат и другите компании бидејќи ваквата континуирана поддршка ни е неопходна и значајна за нашата работа” – изјави г-а Јулијана Накова Гапо, Националниот директор на СОС Детско село



Автор: Администратор
Објавено на: 04/12/2020 14:21