Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (04.12.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 382 мерки, меѓу кои 40 за возење без возачка дозвола, 26 мерки за нерегистрирани возила, 12 за управување под дејство на алкохол, 17 санкции за непридржување на законските ограничувања за возач-почетник, 9 за техничка неисправност на возила за јавен превоз, 31 за користење на мобилен телефон, 84 за непрописно паркирани возила, 46 возила подигнати со „пајак“ и 18 санкции за неносење заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/12/2020 13:20