Претставничкиот дом на американскиот Конгрес усвои закон со кој првпат се дозволува употреба на канабисот.

Законот предвидува отстранување на канабисот од листата на контролирани супстанци на федерално ниво и укинување на одредени сојузни пресуди.

Противниците на новиот закон, повеќето републиканци, го оценија усвојувањето на документот како „шуплив политички гест“ и се потсмеваа со демократите кои го ставиле законот на дневен ред во момент кога илјадници Американци умираат од коронавирусот.

Законот кој е усвоен со 228 гласови „за“ и 164 „против“ треба да го одобри и Сенатот, каде мнозинство имаат републиканците, но е мала веројатноста дека тоа ќе се случи.

Канабисот иако е забранет со сојузен акт во 1970 година, американските сојузни држави можат да носат сопствени закони за употреба на таа супстанца.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/12/2020 14:01