Министерството за внатрешни работи вчера (04.12.2020) спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на Тетово и Гостивар, при што санкционирани се 202 возачи, соопшти на денешната прес конференција во Тетово портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.

„Притоа, изречени се 95 санкции во Гостивар, меѓу кои 20 за измината важност на сообраќајната дозвола (нерегистрирани возила), 27 за возење без возачка дозвола, 12 за неносење заштита на лице... Во Тетово се изречени 107 санкции, меѓу кои, 16 за измината важност на сообраќајната дозвола (нерегистрирани возила), седум за возење без возачка дозвола, 15 за неносење заштита на лице…“ соопшти Ангеловски.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и денеска, како и во наредните денови.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/12/2020 14:08