Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на денешниот протест пред Владата на Република Македонија истакна дека ова што сега го прави Зоран Заев во преговорите со Бугарија значи буквално газење по коските на Кузман Јосифовски - Питу или Раде Јовчевски - Корчагин.

- Кога тој ќе не обвини за лажен патриотизам и хистерија е како квинслинг да ве обвинува за предавство. И во истиот ден кога го кажа тоа обзнани дека ќе се менувале учебниците по историја, дека имало договор за 5 историски личности и дека работата била пред договор за 11 записници. Па еве јавно го прашувам пред вас, за што се договори, за што зборува и преговара, што продаде овој пат, колкава ли е цената на ова предавство? Колку тендерчиња со провизии ќе завршат во оној ресторан во југоисточна Македонија? Што е цената на ова предавство?

Затоа ли одбегнуваше единство дома, за да може полесно да се испорачува и тргува во соседна Софија.

На Заев му е полесно да распродава во Софија отколку да постигне единство дома и да ги брани национални интереси. Тоа е така затоа што кај Заев се може да се истргува за пари, ако не може за малку тогаш може за многу пари. И зад оваа негова попусливост се крие финансиски интерес. Еве денеска стојам овде пред вас, нека одговори некој од Централниот регистар кому е префрлен капиталот од рудникот Иловица, дали е бугарски инвеститор новиот купувач на акциите во рудникот Иловица? Еве јавно го повикувам надлежниот во Централниот регистар да даде одговор на ова прашање.

Но треба секој да знае дека ова негово попуштање значи разградување од тулите ставани со крв на чии темели почива денешната наша македонска држава. Тоа значи газење по коските на Кузман Јосифовски Питу кој загинал недалеку од тука во борба со фашистичкиот окупатор. Или Раде Јовчевски Корчагин кој е застрелан зад грб. Ама Корчагин умирајќи со пркост и кауза победил зошто станал бесмртен, а ти, ти Зоран Заев живи не продаваш и тоа е болката што овој народ е тука собран, но и оној надвор кој што денеска не е со нас, туку не следи во домовите.

И тоа ни дава енергија да издржиме. И затоа ќе победиме. Сега е моментот кога не треба да има изговори. Сега е потребно народот да биде гласен и да се каже стоп на неспособноста, предавствата и одземање на иднината.

А тоа ви го велам затоа што Зоран Заев е подготвен да прифати се, а единствената кочница е македонскиот народ и граѓаните на Македонија. Ова е моментот кога на Заев треба да му се случи народ.

ВМРО-ДПМНЕ го носи тој бајрак на слободата и е во првите линии, но штитот мора да сме сите ние, целиот народ. Ако не сме единствени и подготвени да се спротивставиме тогаш Заев ќе продолжи да продава и тогаш сите ние, но и целиот народ да нема изговори ниту правдања да ни кажаве дека Заев можеше тоа да го направи. Еве кажувам треба да се случи народ за да Заев престане да продава.

Тоа е единствениот начин како да го победиме овој човек кој што денеска се наоѓа во оваа зграда, или да бидам попрецизен дава интервју недалеку од оваа зграда и му се смее цела Македонија и го слуша како на отворена сцена се пазари со нашиот источен сосед, потенцираше Мицкоски.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/12/2020 17:42