После десетина дена од скандалозното интервју за бугарската БГНЕС, премиерот Зоран Заев во интервјуто за Радио Канал 77 прв пат одговори за ставот на неговиот поранешен лидер Бранко Црвенковски со кој го замрзна членството во неговата матична партија и јавно побара централниот одбор да се огради од неговите ставови.

- Со Бранко Црвенковски не сум се слушнал година и пол. Поздрави сме праќале по луѓе, ама директна комуникација сме немале. Она што јас мислам е дека Црвенковски треба да биде активен во политиката, како што се поранешни функционери во други држави, може да придонесе во своето општество. Има и други поранешни премиери и претседатели кои се активни. Црвенковски и тие околу него имаат демократско право да реагираат. Сега тие не се дел од органите на партијата. Ако прашувате дали водам грижа дека ме загрозуваат мене и мојата позиција во СДСМ, еве ќе им кажам, во април имаме избор за претседател на СДСМ, имаме демократизирање на изборот, секој член ќе гласа. Ако некој мисли дека Заев треба да биде сменет нека повелат. Изборите се тука, изјави Заев во емисијата „Стадион“.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/12/2020 18:19