Опозициската ВМРО-ДПМНЕ и денеска под мотото „Протест сега за да не биде предоцна“, пред Владата организираше, како што посочуваат, надпартиски протест со барање за оставка на премиерот Зоран Заев

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пред присутните обвини дека власта преговора за идентитетот, јазикот, историјата, а историските комисии го потврдиле тоа, наведувајќи две работи.

-Заев вели дека во преговорите заштитени биле македонскиот идентитет и јазик. И како да не знаеме кога тој го вели тоа, токму за тоа преговара и токму тоа го продава. И треба да бидете свесни, секој еден од вас кога Зоран Заев вели дека постои македонскиот јазик и дека тој бил Македонец кој говорел македонски јазик всушност мисли дека македонскиот народ, македонската нација постојат од 44-тата, па наваму и дека македонскиот јазик е дрво без корен и дека истиот постои од 44-тата, па наваму. А тоа е токму позицијата на нашиот источен сосед… Таа е таа игра на зборови на Зоран Заев кога ќе каже дека тој бил Македонец кој што зборува македонски, но заборава да каже дека мисли на 44-тата па наваму, вели Мицкоски.

Во однос на зачестените изјави дека на овие протести што ги организира опозицијата, а кои ги предводи ВМРО-ДПМНЕ немало народ па тоа му давало легитимитет да ги води политики, тоа се должи, вели, на прогласената кризна состојба и на неспособноста на надлежните во Министерството за здравство да се справат со пандемијата од која дневно губиме 30 до 40 животи.

Го праша премиерот, за што се договорил, зборувал и преговарал, и дали зад оваа негова попусливост, како што вели, се крие финансиски интерес. Ова е, рече, моментот кога на Заев треба да му се случи народ „за да престане да продава“. Ги повтори позиците дека Договорот со Бугарија не е решение, туку е проблем и кочница кон патот на Македонија во рамките на ЕУ.

-Замислете каква дрскост. Луѓето кои што не доведоа до амбис, кој што тргуваа и ги уништија сите преговарачки позиции создавани со децении. Луѓето кои што ја чепнаа Македонската вековна борба за сопствена држава во срцето на Балканот, нас ќе не прашуваат што ќе сме направеле? Еве ќе ви одговорам што ќе направиме, најпрвин ќе ве победиме на фер, не такви украдени талибантски избори, а потоа покрај криминалот ќе одговарате и за велепредавство пред овој народ, јас ви го гарантирам тоа, и за велепредавство и за овој народ, ете тоа ќе го направиме. А на маса ќе седнат учени луѓе, луѓе кои што знаат што се историски факти и ќе се изборат за подобри преговарачки позиции, достоинствен договор и Македонија во рамките на Европската унија, рече Мицкоски.

Упати порака и до бугарската страна дека се што се преговара нема да биде почитувано, од идината влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, влада на национално единство.

Професорката по историја Наташа Котлар во своето обраќање изрази загриженост и револт против власта, поради нејзиниот однос кон македонските вредности.

– Ова немојте да го заборавите, бидејќи флоскулата, „идентитетот нема да биде спорно прашање“ е само мамка. Мамката е во тоа што, ако го засегнете јазикот и историјата, па што ќе ви остане во идентитетот, рече Котлар

Калина Корчагин, внуката на Раде Јовчевски – Корчагин, зборуваше за семејната историја која е, вели, испреплетена со историјата на организираната борба за ослободување на Македонија од фашистичкиот окупатор, како и за нејзино осамостојување. Таа праша дали симнувањето на историските обележја и промена на 20-те табли на кои пишувало „бугарски фашистички окупатор“ значи почеток на менување до укинување на целата вистина за оваа борба.

Протест на ВМРО-ДПМНЕ пред Владата на Република Македонија (Фото+Видео)

Автор: Администратор
Објавено на: 05/12/2020 18:20