Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Иван Јорданов од Штип денеска јавно на настан на Зоран Заев во општина Штип му „упадна“ на прес-конференција на премиерот поставувајќи му три прашања.

Иако доби свирежи од партиските членови присутни на настанот, Јорданов му ги постави прашања. Прво со кој образ ветувате дека за 9 месеци ќе ги реализирате проектите кои што три и пол години не ги реализиравте, второ, дали знаете во компанијата Баргала која што е во роднинска врска со вашиот кандидат пред десетина дена има исплатено плата од 2 денари на вработените и последно прашање кој ви дал право да преговарате во име на македонскиот народ, да го продавате македонскиот јазик, македонската култура и македонскиот идентитет?, праша Јорданов.

Иако Заев прво рече дека тоа е прес-конференција за новинари му одговори на две од трите прашања.

-Кандидатот нема да има време да ги заврши сите проекти, но може да ги почне, зашто Николов е најсериозен кандидат за редовните избори за Штип на кои ќе добие мандат од четири години. Македонскиот народ и макеоднскиот јазик, никогаш не бил поарфирмиран од денес. Денеска нние сме Македонци кои говорат македонски јазик. Не сме веќе ФИРОМ. Денеска сме држава. Затоа ви препорачувам на најубав демократски начин да им служиме на граѓаните и да учествуваме, да не бегаме, рече Заев.

Заев не даде одговор во однос на прашањето на пратеникот за исплатените плати од 2 денари од фирма во чија сопственост е роднина на кандидатот за градоначалникот на Штип, Сашко Николов.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/12/2020 18:39