Владата со која раководи Зоран Заев, попладнево го демантира Зоран Заев, кој утрово кажа дека македонскиот идентитет е предмет и дел од разговорите кои тој ги води со Бугарија.

Или Заев не ја информирал владата за што преговара, или владата невешто се обидува да го вади од калта.

Ова е само уште еден доказ дека нема компас во бродот кој тоне, наречен Зоран Заев.

Јавноста легитимно си го поставува прашањето кој е луд, а кој збунет?!

Зоран Заев во своето интервју призна она кое ВМРО-ДПМНЕ го говори неколку дена наназад. Заев преговара за македонскиот идентитет, јазик и историја.

Заев откако го продаде името, сега го продава и идентитетот.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/12/2020 22:09