Холивудската ѕвезда Харисон Форд уште еднаш се враќа во улогата на Индијана Џонс. Тоа ќе биде петтиот и, најверојатно – последниот филм од серијалот.

„Дизни“ најави и нови одграноци на познатиот серијал „Војна на ѕвездите“ и соработка со „Марвел“.

„Индијана Џонс 5“ ќе биде прикажан во јули 2022 година. Форд (78) по петти и последен пат ќе го глуми легендарниот филмски авантурист-археолог.

Режисер на филмот е Џејмс Манголд, a сценариото е на Џонатан Каздан.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/12/2020 14:21