Меѓународната автомобилска федерација (ФИА) го одобри календарот на Формула 1 за сезоната 2021 година.
Во 2021 година е планирано да се одржи 23 „Гран при“, додека во моментот не е објавено каде ќе се одржи етапата, која е закажана за периодот од 23 до 25 април.
Сезоната започнува на 21 март со трка во Австралија и завршува со етапа во ОАЕ на 5 декември.
Ф1 календар за сезона 2021 година: 21 март – Австралија (Мелбурн) 28 март – Бахреин (Сахир) 11 април – Кина (Шангај) 25 април – 9 мај – Шпанија (Барселона) 23 мај – Монако 6 јуни – Азербејџан (Баку) 13 јуни – Канада (Монтреал) 27 јуни – Франција (Ле Кастелет) 4 јули – Австрија (Спилберг) 18 јули – Велика Британија (Силверстоун) 1 август – Унгарија (Будимпешта) 29 август – Белгија (Спа) 5 септември – Холандија (Зандворт) 12 септември – Италија (Монца) 26 септември – Русија (Сочи) 3 октомври – Сингапур 10 октомври – Јапонија (Сузука) 24 октомври – САД (Остин) 31 октомври – Мексико (Мексико Сити) 14 ноември – Бразил (Сао Паоло) 28 ноември – Саудиска Арабија (Џеда) 5 декември – ОАЕ (Абу Даби).
Претходно стана познато дека бразилскиот автодром „Интерлагос“ го продолжи договорот со Формула 1 до 2025 година.