Истакнатата македонистка и популаризатор на македонската литература во Русија Олга Панкина е добитничка на Меѓународната книжевна награда „Jугра“, основана во 2007 година од Литературната фондациjа „Патот на животот“, со поддршка на Владата на Ханти-Мансиjскиот автономен округ, а се доделува од 2009 година.

– Ме радува што наградата jа добив како преведувач чиj макотрпен труд обично останува на сенка, меѓутоа улогата на преведувачите е значаjна. Токму благодарение на превод македонските автори стануваат се попознати на руските јазични простори, истакна Панкина.

Во 2014 година наградата „Jугра“ му беше доделена на Венко Андоновски во номинациjа „Наjдобра словенска книга“ за романот „Папокот на светот“, во превод на Олга Панкина. Тогаш Венко Андоновски стана вистинско откритие за руските читатели.

Олга Панкина е автор на преводите на над 60 книги од македонски писатели, како и на преводите на творби (поетски, прозни, драмски, критичко-есеистички) од речиси 300 македонски писатели, презентирани во рамките на антологиски избори, панорами и одделни објави.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/12/2020 11:39