Во изложбениот салон на „Завод и Музеј Струмица” утревечер ќе биде отворена изложба од делата на ликовниот уметник Мице Jанкуловски по повод педесет години од творештвото.

Јанкуловски е македонски уметник кој повеќе од пет децении е јавно присутен преку различни уметнички дисциплини-сликарство на платно, сликарство на стакло, карикатура, анимиран филм, палиндроми и други, а постојано е посветен на истражувањето во областа на сликарството и цртежот.

Неговата биографија бележи повеќе од 50 самостојни изложби во Македонија и странство и забележани претставувања на значајни уметнички манифестации ширум светот, каде е добитник на многу награди: награда Ел Греко за најдобар уметник (Арт Тесалоники 2019, Грција), Награда Лоренцо ил Мањифико за животно остварување (XII Биенале Фиренца 2019, Италија), Уметник на светот (Ларнака Биенале 2018, Кипар), Гран При (19-то Меѓународно графичко биенале Варна 2017, Бугарија), Гран При (1997), две посебни награди (1985 и 1971) на Светската галерија на карикатури во Скопје, Награда за култура на градот Скопје (1985) и многу други.

Јанкуловски живее и работи во Скопје



Автор: Администратор
Објавено на: 23/12/2020 13:57