НУ Центар за култура-Битола отвори изложбата на акварени чиј автор е битолскиот уметник, Александар Поповски.

Станува збор за триесетина акварели кои датираат од различен период инспирирани од просторот на авторот кој го опкружува, класични портрети, луѓе во одредена ситуација, емотивни состојби, но и домашни миленичиња.

Александар Поповски имал самостојна и учествувал на групни изложби во земјава и странство, илустрирал книги и е редовен учесник на изложбите на Друштвото на ликовните уметници во Битола.

Изложбата на акварели е поместена во фоајето на НУ Центар за култура-Битола и ќе биде отворена до 31 декември.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/12/2020 14:00