Форумот на словенечки култури (ФСК) со седиште во Љубљана, кој ја координира културната соработка на тринаесет словенски земји, ќе го донира комплетот од петнаесет романи објавени на македонски јазик, на десет библиотеки во земјава.

Комплетот од 15 романи е издаден во рамки на проектот „100 словенски романи“ кој во државава повеќе години го спроведува издавачката куќа „Слово“, освен првите три години кога го спроведуваа „Макавеј“ и „Македонија литера“.

Досега кај нас се реализирани 15 изданија, а истовремено приближно толку романи на македонски романсиери се објавени во земји членки на Форумот.

Изборот на кои културни институции ќе им биде доделен комплетот го направи издавачката куќа „Слово“ и македонските претставници на Форумот.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/12/2020 21:01