Со концертот Нова Година – нов почеток! што ќе се одржи вечер (20.00) Филхармонија ја завршува концертната сезона за 2020 година. Станува збор за несекојдневен концерт кој во една вечер ќе ги спои традицијата, класиката и џезот.

Концертот се реализира во соработка со ЗЏМ, а диригент е Џијан Емин. Како солисти ќе настапат Џон Илија Апелгрен, Сара Мејс, Дејан Бобиќ, Полина Тасева и Калина Велковска.

Новата сезона на Филхармонија 2020-2021 која симболично е насловена „Звук на два метри“ се отвори на 3 септември, а до крајот на месецов беа реализирани 16 концерти во редовна програма и во камерната сала.

Филхармонија беше прва институција од областа на културата која изработи специјални протоколи за реализација на концерти во посебни услови кои ги налага пандемијата на Ковид-19.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/12/2020 10:50