Платформата за одржлив развој „Лице в лице“, вечер од 19 часот, го промовира своето ново, 43-то издание на списанието за одржлив развој посветено на човековите права.

Премиерата на списанието ќе биде денеска, преку видео интервју со нобеловецот Мохамед Јунус, во 19 часот, на каналот на „Јутуб“ на „Лице в лице“, а ќе биде споделена и на фејсбук. Освен новото издание, видео интервјуто со Јунус ја промовира и веб платформата на „Лице в лице“ која функционира на принцип на членства.

– Најдобрата одлука во моментов е да не се вратиме назад, како што беше пред пандемијата. Ако човештвото се врати на истиот стар начин, никој не може да нè спаси. Ни треба свет со три нули- нула емисија на јаглерод, нула концентрација на богатство за да се создаде нула сиромаштија и нула невработеност- вели Јунус во интервјуто чија целосна содржина ќе биде објавена и во новиот број, соопштуваат од „Лице в лице“.

Дел од темите кои се опфатени во најновиот број на списанието посветено на тема: човекови права, што денеска излегува од печат се „поправање“ на расипаниот механизам за заштита на работничките и на човековите права, кој откажува во услови на поголема глобална криза, како што е актуелната. Тие се осврнуваат и на прашањето како здравствената криза ќе го промени начинот на кој работиме и живееме.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/12/2020 12:25