Компанијата Макстил донира за Факултетот за ликовни уметности во Скопје два апарати за обработка и материјал за изработка на скулптури. Аголна брусилка, апарат за заварување – инвертер и еден тон старо железо е донацијата наменета за потребите на сегашните и идните студенти на студиската насока вајарство при изработката на скулптурите и изучувањето на скулпторските техники.

-Се надеваме дека денешната донација ќе помогне во создавање автентичен уметнички израз кај секој од студентите и со тоа ќе придонесеме за нивна натамошна професионална промоција и афирмација. Макстил како посветена општествено-одговорна компанија го поддржува образовното и интелектуалното надградување на младите, вели Иван Бановски, генерален директор на Макстил.

Студентите по вајарство на Факултетот за ликовни уметности се под менторство на познатиот скулптор и професор, Жарко Башевски. Едукативниот процес во овој уметнички израз подразбира употреба на железен материјал, но и специфични апарати за нивна обработка.

-За таа цел, Макстил со Факултетот за ликовни уметности има воспоставено континуирана соработка којашто дополнително се продлабочува со разни активности, како дел од исклучително важната корпоративна вредност на компанијата и значаен општествен придонес, соопшти Макстил.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/12/2020 16:24