Годишна изложба на дела од кавадаречките ликовни уметници беше отворена денеска во Домот на културата „Иван Мазов-Климе” во Кавадарци.

Ликовниот уметник Владимир Темков рече дека во целост била исполнета зацртаната програма за ликовна дејност во Домот на културата.

– Со овие дела, кавадаречките уметници уште еднаш покажаа дека Друштвото на ликовни уметници од Кавадарци, градот на Мазев, Чемерски, Темкова, Шемов и други, е едно од најактивните во државата, рече Темков.

Претседателот на Друштвото на ликовни уметници од Кавадарци, уметницата Симона Манчева, појасни дека станува збор за традиционална групна изложба на едно од најстарите друштва на ликовни уметници.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/12/2020 15:46