„Водителката“ возбудено најавува: Без лажи и преваре, ни најмалку ни најмногу, шпоретот го доби ќерката на нашиот Градоначалник Аце. Повели душо...

Да, токму тоа е најавата за награда на некоја наградна игра во Општина Лозово по повод роденденот на Општина Лозово. И не е „фејк њус“ навистина се случило.

За да циркусот биде комплетен, ќерката на градоначалникот среќна поради добиената награда, вели дека фамилијарно одлучиле тие да го донираат поклонот на оние кои највеќе им треба. Останува само нејасно како во рок од 5 секунди донесоа фамилијарна одлука.

И во стилот на водителката кажано: Путуј Европо, не чекај на нас!



Автор: Администратор
Објавено на: 29/12/2020 04:09