И по завршувањето на сезоната на трките, „Алфа Ромео“ продолжува да го поддржува Кими Раиконен. Имено, италијанската марка му испорача нов „Стелвио велос 2.0 Tурбo Петрол AT8 Ку-4“ на финскиот возач.

– На крајот на една толку интензивна спортска сезона, време е да се одмориме и да им се посветиме на своите најблиски и на нашите семејства. Кими Раиконен и Антонио Џовинаци уште еднаш успеаја да предизвикаат силни емоции. Ние го поддржувавме Кими за време на секоја трка, а сега со нетрпение ја очекуваме и следната возбудлива сезона во Формула 1. Ова може само да не зближи уште повеќе, изјави Арно Леклерк, директор на брендот Алфа Ромео.

Раиконен и Џовинаци и идната сезона ќе се тркаат за Ф1 тимот „Алфа Ромео рејсинг“.

Дотогаш, Кими ќе ужива во својот црвен „стелвио“ со алуминиумски тркала, кожени спортски седишта, дополнет со новиот 8,8-инчен „Алфа конект“ дисплеј, новата табла за помош при возење и при самоуправувачко возење, меѓу другото.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/12/2020 13:03