Францускиот скијач Алексис Пинтуро ја забележа третата велеслаломска победа во низа сезонава во Светскиот куп, откако триумфираше попладнево на патеката во Аделбоден.

Второто место го освои Хрватот Филип Зубчиќ, кој заостана 1,26 секунди зад Пинтуро, додека трет беше Швајцарецот Лоик Меилард со заостанување од 1.65 секунди.

Пинтуро со својата 33 победа во кариерата, а 17 во велеслалом, го зацврсти водството во генералниот пласман со 675 бодови, пред Норвежанецот Омот Килде (560) и Марко Одермат од Швајцарија (501).



Автор: Администратор
Објавено на: 09/01/2021 16:40