Најавата дека серијата „Сексот и градот“ се враќа со уште најмалку една сезона предизвика возбуда кај обожавателите, но и разочарување оти еден од главните ликови, Саманта Џонс нема да се појави во новите епизоди.

Сара Џесика Паркер објави и кус трејлер на својот Инстаграм-профил, па многу од коментарите се однесуваа токму на глумицата Ким Катрал која го толкуваше ликот на Саманта. Одговарајќи на прашање, Сара прво рече дека таа „не е потребна“ за новата сезона.

По сомнежите потоа, околу тоа дали тие две „се сакаат или не“, таа мораше и да појасни…

„Не. Не е точно дека не ја сакам. Никогаш не го реков тоа. Никогаш. Саманта не е дел од оваа приказна. Но, таа секогаш ќе биде дел од нас. Без оглед каде сме и што правиме”, додаде Сара.

Новата сезона ќе ги следи Кери (Паркер), Миранда (Синтија Никсон) и Шарлот (Кристин Дејвис) во нивните 50-ти години од животот. Снимањето треба да започне во Њујорк кон крајот на оваа пролет.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/01/2021 11:25