Во вечерашното издание на дебатната емисија "Што не е јасно?" гостуваше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски кој зборуваше за лошите владини политики во однос на економската и здравствена криза, како и за моменталните насилни упади на МВР во Вевчани по повод Вевчанскиот карневал

Мисајловски истакна дека ваквото насилно влегување во Вевчани само укажува на фактот што Зоран Заев е цврсто решен да погази се што е македонска традиција и се што е поврзано со македонскиот народ. Тотално непочитување, погазување и ништожење на Македонија и нејзините граѓаните, вели Мисајловски.

"Ваква традиција која што постои со долги години наназад не заслужува ваков третман. Условите не се сјајни и идеални, сигурно морало да има поинаков протокол, но да влегуваат специјалци и да заплашуваат народ и згора на тоа да приведуваат мештани е крајно бесчувствително и ненормално. Но, за жал, Македонците научија како функционира Зоран Заев и ова не е нешто кое што не изненадува", заврши Мисајловски

Ако Зоран Заев велеше дека се бори со режим и дека победил режим, тогаш ова што сега се случува е еднакво на егзодус, масовно духовно убиство врз сопствениот народ. Република Македонија и граѓаните треба да го запаметат овој ден и да знаат кој е тој кој што е насилник и го повредува сопствениот народ при секој мал традиционален настан, заврши Мисајловски.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/01/2021 20:58