Македонската одбојкарска репрезентација ги задржа шансите за пласман на Европското првенство, откако вечерва во Скопје со 3:0 (25:20, 26:24, 25: 13) по втор пат во квалификациите ја совлада Босна и Херцеговина со што обезбеди најмалку второ место во групата Ц.

Избраниците на селекторот Никола Матијашевиќ евроквалификациите ги завршуваат в сабота против фаворитот Турција, од која вчера загубија со освоен сет во салата „Борис Трајковски“.

Пласман на Европското првенство ќе обезбедат победниците во седумте квалификациски групи, како и петте најдобро второпласирани репрезентации.

Завршницата ќе се одржи во август во Полска, Чешка, Естонија и Финска.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/01/2021 22:57