Хуго Фабрис Занго (27) е нов светски рекордер во трискок во сала со 18.07 метри.
Атлетичарот од Буркина Фасо попладнево на митингот во францускиот Обиер стана првиот натпреварувач во историја кој ја мина границата од 18 метри во сала, соборувајќи го рекордот што досега го држеше неговиот тренер, Французинот Теди Тамго, со прескокнати 17.92 метри во 2011 година во Париз.
„Кога ученикот ќе го надмине учителот. Знаевме дека рекордот мора да „падне“, напиша Тамго на својот твитер профил.
Личниот рекорд на Занго во сала досега изнесуваше 17.77 метри, додека негов најдобар резултат на отворено е 17.66 метри, што воедно е и африкански рекорд.
Светскиот рекорд на отворено го држи Британецот Џонатан Едвардс со 18.29 метри.