Италијанската скијачка Марта Басино победи и на вториот велеслалом од Светскиот куп во Крањска Гора.
Басино триумфираше во словенечкиот центар во саботата, а денеска ја прослави и својата четврта велеслаломска победа сезонава
Италијанката беше за 66 стотинки побрза од Мишел Гисин од Швајцарија, додека место на подиумот како третопласирана имаше и за словенечката скијачка Мета Хроват, која заостана зад Басино за 73 стотинки. Водечката по првото возење, Американката Микаела Шифрин заврши дури на шестото место.
Во генералниот пласман води словачката скијачка Петра Влхова, која денеска го освои десеттото место, со 775 бодови, пред Грисин (715) и Басино (623).