Еден ден откако долгогодишниот лидер Јовери Мусавени е прогласен за победник на претседателските избори, опозициската партија Платформа за национално единство соопшти дека не ги признава резултатие и побара да биде ослободен партискиот лидер Боби Вајн, кој неколку дена е во куќен притвор.

– Бараме од граѓаните на Уганда да не ја прифаќаат ваквата измама. Ова е револуција, не настан. Ваквата револуција не може да биде запрена со изборна измама, се наведува во партиското соопштение.

Платформа за национално единство ја обвинува Владата за напад врз слободата на говор и ги повика своите симпатизери да се борат за политичка промена на секој можен начин согласно со Уставот.

Мусевени (76), кој е на власт од 1986 година, го освои шесттиот претседателски петгодишен мандат.

Вајн денеска изјави дека армијата не му дозволува него и на неговата сопруга Барби да излезат од домот дури ниту во дворот.

– Поминаа четири дена откако армијата го опколи нашиот дом и мојата сопруга и мене не стави во кужен притвор, напиша Вајн на Твитер.

Вајн додаде дека немаат храна, а неговата сопруга вчера била спречена да собери храна од градината.

Изборната комисија соопшти дека Мусевени добил 58 отсто од гласовите, а Вејн 34 проценти.

Иако Мусевени останува на власт, најмалку девет министри, вклучително и потпретседателот, се поразени на парламентарните избори.

Мусевени, ги отфрли обвинувањата за местење на изборите. Тој истакна дека изборите имале најмалку нерегуларности од 1962 година, кога Уганда се стекна со независност од Велика Британија.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/01/2021 16:46