Заев продолжува со манипулации за прикривање на своите неуспеси во економијата!

Денес премиерот Заев најави отпочнување на некаква нова странска инвестиција во ИКТ секторот.

Во суштина не станува збор за никаква нова инвестиција, туку комерцијално преземање на веќе постоечка и добро етаблирана македонска ИТ компанијата Сеавус од страна на Чешка ИКТ компанија. Нешто што е договорено и реализирано пред неколку месеци во чисти пазарни и бизнис услови без никакво влијание или придонес од страна на Владата.

Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ



Автор: Администратор
Објавено на: 20/01/2021 13:41