Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози. Поради ниските температури наместа е можна појава на голомразица.

Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ЈП „Македонијапат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот. Иформираат дека нивните дежурни екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Граѓаните подетални информации може да добијат на дежурниот телефон 02/ 25 61 502 или на веб-страница www.makedonijapat.com.mk.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/01/2021 14:17