Премиерот на Црна Гора, Здравко Кривокапиќ денеска изјави дека повторно се усвоени сет закони, меѓу кои и измените и дополнувањата на Законот за слобода на вероисповед.

Усвоените закони треба да бидат потпишани од претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ. Кривокапиќ изрази уверување дека црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ ќе ги потпише законите.

– Теоретски е можно Ѓукановиќ да не ги потпише законите, но тој е искусен политичар и тоа нема да се случи, истакна Кривокапиќ.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/01/2021 20:58