Премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарски прашања, во однос на смената на член на Мешовитата македонско-бугарска историска комисија, рече дека како што бил информиран од Османи, на членот Александар Литовски му завршувал договорот и самиот не сакал да го продолжи.

-Ослободеното место министерот Османи заедно во консултации со другите членови на Комисијата, да даде предлог на нов член на Комисијата. Во оваа комисија се сериозни, врвни експерти по историја и веруваме комплетно во нивната определба и им даваме комплетно целосна поддршка бидејки таа е нивната уога, на експертски и професионален начин не политички начин да ги решаваат работите, рече премиерот.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/01/2021 23:20