Законодавството кое се однесува на детската правда е во најголем дел усогласено со меѓународните стандарди, но треба да се имплементира доследно со цел да бидат постигнати посакуваните резултати. Потребна е едукација на сите лица од институциите за постапување во најдобар интерес на детето, јакнење на капацитетите на тие институции, нивна меѓусебна координација, развивање на услуги за поддршка, но и за ресоцијализација на деца кои што дошле во судир со законот, кои се жртви или сведоци на кривични дела, како и поголема работа со децата со цел да се превенира судирот со законите.

Ова го истакнаа дел од учениците на денешната панел дискусија во во врска со отпочнувањето на проектот „Правда за деца – ЕУ за малолетничка правда и правда по мерка на децата“ кој има за цел да овозможи дополнителни реформи во законодавството за детска правда, јакнење на механизмите за собирање податоци и за мониторинг, воведување услоги и нивно развивање и подобрување на пристап до правдата.

Министерот за правда Бојан Маричиќ истакна дека законодавството е усогласено со меѓународните стандарди и она на што треба да се работи е негово доследно спроведување во пракса.

– Гледајќи на децата какко производ на околностите во кои тие растеле и се развивале, нашата мисија е да им подадеме рака на оние деца кои се во судир со законот и да им помогнеме да изаградат култура на ненасилство, здрави врски и навики и да им ја вратиме самодовербата, да им обезбедиме осоодветно образование и да ги вратиме на вистинскиот пат во животот, рече Маричиќ.

Тој додаде дека примарна цел на институциите, на државата воопшто треба да биде грижлива и пред се навремена работа на децата кои се во ризик за да не дојдат во судир во законот. Бидејќи тоа во целост не може да се спречи, смета Маричиќ, треба да им се обезбеди во достоинствени услови да имаат најдобра можност за идна ресоцијализација.

Според него, мошне е важно што изминативе неколку години субјектите во системот за правда за децата применуваат мерки кои не вклучуваат лишување од слобода на децата, како и оти се намалува и бројот на изречени заводски мерки, што, како што рече, укажува дека системот функционира во интерес на детето и не се применуваат најрестриктивните мерки.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски смета дека кога се говори за детските права, тоа секогаш имплицира обврски и должности за државата и постапување во интерес на децата

Говорејќи за улогата на полицијата во системот на институционална заштита на правата на децата, тој потенцираше дека полицијата има должност и обврска на сите деца во ризик, како и деца жртви на кривични дела да им пружи посебна заштита и поддршка и со нив да постапува со посебно внимание во согласност со нивните права.

– Неспорно е дека првиот контакт што детето ќе го оствари со полициските службеници ќе остави долготраен личен белег. Затоа е многу важен односот на полициските службеници кон детето, кој треба да се заснова на правичност и почит кон него, а како императив се наметнува прифаќањето и доследната примена на водечките принципи на правда за децата, нагласи Спасовски.

Според него, неопходна е и превентивно делување на сите релевантни институции, да се ориентираат децата кон темелните вредности со помош на сите расположливи средства, да се заштитат од негативни влијанија, со цел тие да се изградат како личности, ориентирани кон вистинските вредности и дистанцирани од девијантните појави.

– Концептот на правда за децата вклучува поголем број институции, стручни лица и организации од граѓанското општество, кои преку меѓусебна соработка ќе обезбедат задоволување на најдобрите интереси на детето, што секако ќе придонесе и за зголемување на довербата на децата во институционалниот систем, рече Спасовски.

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, пак, смета дека особено важна улога во работата со децата кои се во ризик да дојдат во судир со законот, кои се жртви или сведоци на кривични дела, како и со децата кои се изврители на кривични дека имаат центрите за социјални работи. Тие, рече Шахпаска, преку таканареченото водење на случај, воведено со реформите во 2019 година, можат да направат индивудуален план за работа со секое дете, особено во случаите кога семејството не може да го заштити детето без поддршка од државата или други институии.

Таа смета дека треба да се направи и база и систематизација на податоци кои ќе ја користат систе институции за креирање на политиките за надминување на оваа лоша општествена појава.

Амбасадорот на ЕУ Дејвид Гир истакнувајќи ја важноста на правдата за децата истакна дека секое дете потенцијално може да дојде во судир со законот, а многу деца се во контакт со системот за детска заштита и при тоа и во контекстот на правната и социјалната заштита насилството е заеднички именител. Во вакви случаи потребно е, вели тој, да се обезбеди дека нивните права и достоинство се почитувани, одлуките се правилни и јасни, а наша цел, додава, мора да биде да осигураме дека контактот на детето со системот не е закана, туку напротив можност за сврување кон позитивен исход дури и кога станува збор за судир со законот.

Тој при тоа ја нагласи цврстата определба на ЕУ за промоција на правда за децата и детските права воопшто, кои сочинуваат и значаен дел од условите за пристапување во Унијата. Покрај меѓународните конвенции, правата на детето се, нагласи Гир, клучен дел и од поглавјата 23 и 24, а минимумот стандарди за промоција, заштита и почитување на правата на децата се содржани во две директиви – Директивата за правата на жртвите и Директивата за безбедни процедури за деца кои се осомничени или обвиниетио во криминални процедури.

– Овие директиви треба да бидат транспонирани во националното законодавтсво за време на пристапниот процес и властите овде го спроведуваат тој процес. Но, акито на ЕУ во однос на детските права и заштитата на децата не се ограничува само на поглавјата 23 и 24 – правосудство и основни права, туку постројат 18 различни поглавја во правото на ЕУ кои пропишуваат права во оваа област. Усогласувањето со легислативата на ЕУ е само еден дел од работата, приоритет мора да биде имплементацијата како и алокацијата на адекватни финансиски средства. Заедно со подобрување на тековната пракса и меѓуинституциионалната соработка која треба да ги стави децата во средиштето на активностите за детската заштита,Проектот кој денеска го промовираме има за цел да придонесе кон промена и јакнење на политиките кои се неопходни за постигнување резултати, рече амбасадорот Гир.

Претставничката на УНИЦЕФ, Патриција Ди Џовани, на онлајн панел дискусија истакна дека Владата има преземено мерки за подигнување на почитување и заштита на правата на децата и нивно примена без дискриминација со цел вклучување во општетствениот живот согласно нивниот најдобар интерес, но вели, има потреба од зголемен фокус на специфични групи на деца во правосудсниот систем како што се жртвите и сведоците на кривични дела.

– Покрај инвестициите кои се веќе направени во релевантни институции за унпаредување на нивните капацитети за работа со деца во конфликт или во контакт со законот, институционалните и техничките капацитети се уште не се доволни. Постои значаен број на професионалналци кои работат со случаи со деца кои се во судир или во допир со законот, а кои немаат потребни вештини. Тоа е пречка за заштита на децата и создава дополнителни трауми. Правосудниот систем мора да осигура дека сите деца се чувствуваат безбедно, сигурно, рече Ди Џовани.

Проектот „Правда за деца – ЕУ за малолетничка правда и правда по мерка на децата“ ќе се спроведува две години. Вредноста на проектот е 625.000 евра, од кои 500.000 се обезбедени од Делегацијата на ЕУ, а остатокот е кофинансиран од УНИЦЕФ



Автор: Администратор
Објавено на: 20/01/2021 23:20