Американската компанија Амазон понудила помош во напорите на американската администрација да се изведе масовна вакцинација низ САД, се наведува во нејзиното писмо до претседателот Џо Бајден.

Британските медиуми наведуваат дека Амазон во писмото до Бајден ја потврдува подготвеноста да ја подобри дистрибуцијата на вакцините.

„Подготвени сме да ги ставиме на располагање сите наши оперативни способности, експертиза, информатичка и комуникациска технологија за да им помогнеме на активностите на американската администрација за масовна имунизација на населението“, наведува Амазон во писмото до претседателот Бајден.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/01/2021 23:35