Претседателот на ДУИ Али Ахмети, по повод денешната инаугурација на 46-от претседател на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден, во Вашингтон, упати честитка до новиот претседател и американскиот народ.

– Првично му посакувам на претседателот Бајден добро здравје и многу успех на функцијата. Уверен сум дека САД под водство на г. Бајден ќе останат стратешки партнери на Република Северна Македонија, Албанците и целиот Балкан за време на нашиот веќе неповратен процес кон целосната интеграција во Европската Унија, но и во продлабочувањето на традиционалното пријателство со Америка, пишува Ахмети во честитката до Бајден.

Нашата соработка, додава, е искрена и ги споделуваме истите вредности.

– Сите успеси ги постигнавме заедно, секој успех е заеднички. Бог да го благослови албанско-американското пријателство, пишува Ахмети, кој честитката ја завршува со благослов на американскиот народ.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/01/2021 00:03