На мерното место во центарот на градот биле 56,20, што е за нешто повеќе од максимално дозволената граница.

Две од трите нови мерни станици за амабиентален воздух на ЕД „Вила Зора" во Велес вчера покажале загрижувачко високи средно дневни вредности на опасните по здравјето ПМ -10 честичките од 73,80 микрограми на метар кубен, на мерното место во Нова Населба кај ООУ „Васил Главинов". Ова е над дозволената граница која изнесува 50 микрограми на метар кубевн воздух.

На мерното место во центарот на градот биле 56,20, што е за нешто повеќе од максимално дозволената граница.

Тројно повисоки биле средно дневните концентрации на помалку опасните ПМ 2,5 честички кои во Нова Населба вчера биле 71,80. Ова е скоро трипати над дозволената граница од 25 микрограми на метар кубен воздух, а на мерното место во центарот на Велес биле 54,20, што е скоро двојно повисоко од дозволената граница.

Најповолно било мерното место во Шорка каде ПМ 10 честичките вчера биле 49,80 микрограми на метар кубен воздух, што е блиско до границата од 50 микрограми на метар кубен воздух.

Како што информира за МИА Сашка Коцевска од ЕД „Вила Зора" тие мерат секој час и на крајот на 24 часа прават средно дневна вредност за тој ден.,а резулатите ги објавуваат на „ekodata.live".

-Вчерашните средно дневни концентрации на ПМ-10 честичкит како и на ПМ 2,5 се загрижувачки и лошо влијаат врз здравјето на граѓаните, затоа ние алармираме до граѓаните и фирмите да го намалат загадувањето при затоплување на домовите и индустриските капацитети, апелира Коцевска.

Инаку, мерните станици се поставени од декември во соработка со ИНФОПРОЈЕКТ, а по проект добиен од Фондот за иновации и се според Европските стандарди за квалитет на воздух.

Освен ПМ 10 и ПМ 2,5 честичките контунуирано се мери и јаглероден моноксид, сулфур диоксид, брзина на ветер,температура, атмосферски притисок, бучава и влажност.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/01/2021 00:11