Ако до 25 јануари владата не донесе посебни мерки за нас, ќе мора да преземеме порадикални мерки, вели за Алфа, Здравко Јосифовски претседателот на Независната угостителска комора.

- Како што кажавме и во минатото сметаме дека било која одлука или измена на одлука со која што се ограничува работното време на угостителската индустрија е незаконска за тоа повторно ќе бидеме приморени да ги запазиме процедурите преку Уставниот суд со барање на навремени мерки се до моментот додека сите одлуки кои што се однесуваат на скратувањето на работното време се несновани и неуставни. Она што е битно е дека угостителите и покрај сите работи и понатаму ќе ја почитуваат секоја одлука која што ја носи Владата како препорака на Комисијата за заразни болести се со цел да излеземе во пресрет на заштита на јавното здравје и подигање на свеста на луѓето за превенцијата и борбата против пандемијата ковид-19, вели Јосифовски.

За него е неверојатно како може владата да ги игнорира, а станува збор за најзагрозена гранка.

- Значи збунети сме и изненадени што од најавениот петти сет мерки, наместо првите мерки да бидат наменети за најзагрозените индустрии, туристичко-угостителската индустрија, фактички Владата ги става на „игнор“,и носи други мерки кои што не коренсподираат и покрај тоа што најзагрозени се угостителите поради рестриктивните мерки и ограничувањето со работно време се во големи загуби и трпат енормни штети. Од таа причина, со оглед дека до денеска не добивме никаква покани ниту известување од страна на Владата околу предложените и барањата доставени од НУК за петтиот сет на мерки а со оглед дека Владата веќе имала состаноци со другите комори врз на кои што донела одлуки за поделба на субвенции и неповратна помош по основ на укинување на царини и други давачки за одредени индустрии им дадовме рок во рок од 5 дена да не покани и да седнеме на маса и да продискутираме за нашите барања и нивните предлози и да видиме и да знаеме на што сме како угостителска индустрија вклучени и уклучени во петтиот сет мерки, вели Јосифовски.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/01/2021 00:13