Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против Ј.З. (47) од Дебар поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности“ и „бесправно градење“.

Пријавениот во текот на 2019, во просторот на автобуската станица во Дебар на катастарска парцела во Дебар, узурпирал земјиште-сопственост на Република Македонија со површина од 125,8 метри квадратни и на истата локација без да обезбеди одобрение за градба започнал градба на индивидуален градежен објект.

Со ваквите дејствија пријавениот противправно се стекнал со имотна корист во износ од 487.409 денари и во толкав износ го оштетил Буџетот на Република Македонија.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/01/2021 00:28