Нема „план Б“ за Олимписките игри во Токио, изјави денеска претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (МОК), Томас Бах во интервју за јапонската новинска агенција Кјодо.

Откако поради пандемијата на коронавирус беа одложени минатата година за ова лето, в сабота се навршуваат точно шест месеци до почетокот на Игрите, закажани за 23 јули.

И покрај ниската поддршка во јавноста и растот на бројот заразени со Ковид-19 на глобално ниво, организаторите се одлучни во намерата ОИ во Токио да се одржат.

-Во овој момент немаме никаква причина да веруваме дека ОИ во Токио нема да се отворат на 23 јули на Олимпискиот стадион во Токио, изјави Бах.

-Затоа немаме „план Б“ и затоа сме целосно посветени овие Игри да бидат безбедни и успешни, истакна првиот човек на МОК во интервју за Кјодо.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/01/2021 23:23