Прикажувањето на новиот „Џејмс Бонд“ филм – „Нема време за умирање“ (No Time to Die), e повторно одложенo – овојпат за 8 октомври, oвaa 2021 година.

Последната инкарнација на Даниел Крејг како „агентот 007“ првично требаше да се појави во кината во октомври 2019 година, но беше одложена неколкупати – прво поради промена на режисерот, а потоа и поради коронавирусот. И низа други филмови се одложени поради пандемијата.

„Ворнер брос“ претходно веќе еднаш најави планови за интернет-премиери на сите свои филмови во 2021 година во истовреме како и во киносалите на САД. Сепак, креаторите на „Нема време за умирање“ во мигов ја исклучуваат можноста филмот да биде првично објавен на некоја стрим-платформа. Гласноговорик на „Метро Голдвин Мејер“ за списанието „Варајети“ во октомври изјави дека студиото сака „да го зачува киноискуството“ за обожавателите а „Џејмс Бонд“ филмовите.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/01/2021 10:43