Хуан Гуаидо е „привилегиран посредник“ во Венецуела, но веќе не се смета за преоден претседател на државата, се наведува во денешното соопштение од Европска Унија.

Дваесет и седумте земји-членки на ЕУ на 6 јануари соопштија дека не можат повеќе да го признаваат Гуаидо за преоден претседател на Венецуела откако тој ја загуби функцијата пред парламентарните избори во декември и покрај тоа што ЕУ не го признава гласањето.

По спорниот реизбор на претседателот Николас Мадуро во 2018 година, Гуаидо како претседател на Парламентот, ја презеде функцијата преоден шеф на државата.

Стаусот преоден претседател на Гуаидо му овозможи пристап до средствата што западните влади ги запленија од Мадуро и му овозможи меѓународна и внатрешна поддршка за неговото продемократско движење.

Во соопштението на ЕУ се истакнува дека Гуаидо е дел од демократската опозиција и покрај минатонеделната резолуција на Европски парламент со која се повикуваат земјите-членки на ЕУ да го поддржат Гуаидо како претседател на Венецуела.

За САД и Велика Британија Гуаидо е легитимен претседател на Венецуела.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/01/2021 21:33